Skip to main content
Дома
ООУ 22 НОЕМВРИ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ОБСЕ Работилница

Ојавено Пон, 28/12/2020 - 6:31pm

Тема: Зголемување на свеста кај младите во врска со штетните ефекти на омразата и нетолеранцијата

Мисијата на ОБСЕ во Скопје спроведува низа активности насочени кон зголемување на свеста кај младите во врска со штетните ефекти на омразата и нетолеранцијата. Во рамките на тековниот Меморандум за разбирање меѓу Мисијата и Министерството за образование и наука, а по повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, Мисијата организира еднодневна работилница за учениците од основните училишта. Со задоволство ја поздравивме иницијативата и организиравме работилница со учениците од Општинското Основно Училиште „25 Мај“ - Скопје. Работилницата се одржа на Интернет и траеше 3 часа. Работилницата беше предводена од двајца експерти со долгогодишно искуство во работа со младите и толеранција, членовите на мисијата, како и номиниран професор во Општинското Основно Училиште „25 Мај“ - Скопје. Предавањата и вежбите беа спроведени на македонски јазик, со можност за дополнителен превод на албански јазик. Секој учесник доби сертификат за присуство (во електронска верзија) по завршувањето на работилницата.
Скопје, 11 декември 2020 година

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen